• понеделник, 23 декември 2024

Руски суд ја одби жалбата на Гершкович за продолжување на притворот

Руски суд ја одби жалбата на Гершкович за продолжување на притворот

Москва, 10 октомври 2023 (МИА) - Руски суд ја отфрли жалбата на обвинетиот новинар на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович за шпионажа, за продолжување на неговиот истражен притвор, објавија странските агенции.

Тоа значи дека американскиот новинар ќе остане во притвор до 30 ноември.

Гершкович беше приведен од руската Федерална служба за безбедност (ФСС) на 29 март во градот Екатеринбург под обвинение за шпионажа, што предвидува затворска казна до 20 години.

„Судот ја разгледа жалбата на одбраната на Гершкович против решението за продолжување на притворот и одлучи првостепената одлука да ја остави непроменета, а жалбата на адвокатите на обвинетиот да ја отфрли“, одлучи судот на затворена седница.

Гершкович е втор американски новинар кој е приведен во Русија под обвинение за шпионажа, по случајот во септември 1986 година на дописникот на News & World Report, Николас Данилов, кој беше уапсен од КГБ (во тогашниот Советски Сојуз). паг/

Фото: ЕПА



 

Остани поврзан