• понеделник, 23 декември 2024

Руски сепаратисти ги повикаа жителите на Мариупол да го напуштат градот

Руски сепаратисти ги повикаа жителите на Мариупол да го напуштат градот
Киев, 1 март 2022 (МИА) - Руските сепаратисти информираа дека сакаат да постават два „хуманитарни коридори“ за граѓаните да го напуштат Мариупол во југоисточна Украина. Луѓето до среда ќе треба да си заминат, појасни денеска, портпаролот на бунтовниците во регионот на Донецк, Едуард Басурин, јави ДПА. - Ние ја гарантираме безбедноста на движењето по деловите на автопатот А58 во правец и на регионот Запорожје и на територијата на Руската Федерација, истакна Басурин, додавајќи дека руски војници ќе помогнат во тоа. бд/  

Остани поврзан