• петок, 27 декември 2024

Руски ракетен напад уништи дел од зградата на Киевската академија за применети уметности

Руски ракетен напад уништи дел од зградата на Киевската академија за применети уметности

Киев, 25 март 2024 (МИА) - Руски ракетен напад врз Киев уништи дел од зградата на Државната академија за декоративни и применети уметности и дизајн „Михаило Бојчук“, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на Министерство за култура и информативна политика.

Во нападот на Киев утринава, како резултат на паѓање фрагменти од проектил лансиран од Руската Федерација, уништен е централниот дел од зградата на Киевската државна академија за декоративна и применета уметност и дизајн „Михаило Бојчук“, особено спортската сала, конгресната сала и изложбениот центар. Значително се оштетени просториите на факултетите и аудиториумот на институцијата, се вели во соопштението.

Според првичните информации две лица се повредени и хоспитализирани. Од Министерството додаваат дека во најкраток можен рок ќе се направи проценка на штетите и ќе се преземат мерки за итна реконструкција на уништените објекти.

Неколку експлозии одекнаа утрово во Киев. ПВО пресретнала два балистички ракети истрелани од руските сили кон Киев, соопшти командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук. Фрагменти од ракетите паднале во неколку киевски области. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан