• понеделник, 18 ноември 2024

Руски патнички авиони добија дозвола да влезат во воздушниот простор на ЕУ за да избегнат грмотевици

Руски патнички авиони добија дозвола да влезат во воздушниот простор на ЕУ за да избегнат грмотевици

Брисел, 17 август 2023 (МИА) - Три руски патнички авиони добија специјална дозвола накратко да влезат во воздушниот простор на Финска и Естонија за да избегнат грмотевици, соопштија денеска официјални лица, цитирани од ДПА.

Европската Унија го затвори својот воздушен простор за руските авиони како дел од санкциите против Москва по руската инвазија на Украина, која започна во февруари минатата година.

Руската агенција за воздухопловство Росавијација преку специјална изјава им се заблагодари на европските соседи за помошта.

Сите три лета - на авиокомпаниите „Россија“, „Урал ерлајнс“ и „Нордвинд“ - беа извршени вчера до или од руската ексклава Калининград. Руските пилоти обично треба да летаат над Балтичкото Море наместо преку воздушниот простор на земјите-членки на ЕУ.

Финската транспортна агенција Fintraffic потврди дека се направени исклучоци поради лошите временски услови. ссм/

Остани поврзан