• вторник, 26 ноември 2024

Руски новинари и камерман уапсени во Минск

Руски новинари и камерман уапсени во Минск
Москва, 9 август 2020 (МИА) - Двајца новинари и камерман на руската телевизија Дожд денеска се уапсени во Минск, каде се одржуваат изборите за претседател на Белорусија, објави телевизијата. Уапсени се новинарите Владимир Роменски и Василиј Полонски, како и камерманот Николај Антипов, јави агенцијата ТАСС. „Луѓе во цивилна облека со маски на лицето ги принудиле да легнат на земја, а потоа ги однеле во непознат правец“, се наведува во соопштението. Според претставници на штабот на нерегистрираниот кандидат Виктор Бабарика, сојузник на кандидатката Светлана Тихановскаја, новинарите биле уапсени откако разговарале со неа на улица. Телевизијата Дожд посочува дека уште во јуни испратила акредитации за своите новинари и дека тие работеле во Минск, чекајќи потврда од белоруските власти. паг/

Остани поврзан