• сабота, 06 декември 2025

Руски гувернер ја обвини Украина за напад на висококатница во Белгород

Руски гувернер ја обвини Украина за напад на висококатница во Белгород
Москва, 13 октомври 2022 (МИА) - Делови од проектил погодија висококатница во рускиот град Белгород, што се наоѓа близу украинската граница. Информацијата ја сподели локален функционер, кој тврди дека погодено е и едно село. „Украинските вооружени сили пукаа врз Белгород“, напиша регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на Телеграм. Тој додаде дека активирана е противвоздушна одбрана. Според Гладков, остатоци од проектил исто така погодиле и училишен спортски терен. Покрај Белгород, како што додаде Гладков, погодено е и селото Красноје. бд/

Остани поврзан