Руските власти спречиле украински напад со токсичен гас во Запорожје
- Русија денеска објави дека спречила напад со токсичен гас, подготвен од украинските специјални служби во украинскиот регион Запорожје, делумно под контрола на руските сили.
Москва, 27 февруари 2024 (МИА) - Русија денеска објави дека спречила напад со токсичен гас, подготвен од украинските специјални служби во украинскиот регион Запорожје, делумно под контрола на руските сили.
-Обидот за напад на украинските специјални служби во областа Запорожје, за кој требаше да се користи еквивалент на токсичниот воен агенс „БЗ“, според класификацијата на НАТО, беше спречен, соопшти Руската служба за безбедност (ФСБ).
Токсичните агенси запленети за време на операцијата „се користат за производство на хемиско оружје за масовно уништување и се дизајнирани во САД, се додава во соопштението на ФСБ.
Истрагата за планираниот напад и производството на оружје за масовно уништување е во тек.
Руските власти уапсија тројца украински државјани, додаде истиот извор. мс/
фото: ЕПА