• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Руска ракета со тројца космонаути полета кон МВС

Руска ракета со тројца космонаути полета кон МВС

Москва, 8 април 2025 (МИА) - Астронаут на НАСА и двајца руски космонаути денеска успешно полетаа со руско летало до Меѓународната вселенска станица (МВС), објави Роскосмос.

Американскиот космонаут Џони Ким, како и Русите Сергеј Рижиков и Алексеј Зубрицки ќе треба да минат околу осум месеци на МВС. Ким, Рижиков и Зубрицки денеска ќе им се придружат на астронаутите на НАСА - Дон Петит, Ен Меклејн и Никол Ајерс, астронаутот на Јапонската агенција за воздушно истражување Такуја Ониши и руските космонаути Алексеј Овчинин, Иван Вагнер и Кирил Песков, кои од претходно се на Станицата.

Според НАСА, Ким - инаку поручник и поморски пилот на американската морнарица, ќе спроведува научно-истражувачки и технолошки експерименти што ќе помогнат во подготовката на екипажот за идните вселенски мисии.

Ракетата „Сојуз“ е лансирана во Земјината Орбита, според предвидениот план, од космодромот „Бајконур“ во Казахстан. Се очекува да се прикачи на МВС околу три часа по полетувањето.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан