• петок, 22 ноември 2024

Руската ФСБ тврди дека привела украински агенти кои планирале саботажа на Црноморската флота

Руската ФСБ тврди дека привела украински агенти кои планирале саботажа на Црноморската флота

Москва, 3 јуни 2024 (МИА) - Украински диверзанти кои подготвувале саботажа и терористички напади против Црноморската флота се приведени во Севастопол, соопшти денеска Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ).

-Федералната служба за безбедност на Русија разоткри украинска диверзантска група во градот Севастопол, формирана за да изврши саботажни и терористички акции против воениот персонал на руската Црноморска флота, како и против воените, транспортните и енергетските инфраструктурни објекти во тој регион, според соопштението на ФСБ .

Пет агенти на СБУ и на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина биле регрутирани во регионот Запорожје. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан