• вторник, 13 јануари 2026

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Москва, 25 декември 2025 (МИА) – Руската пошта ја прекина копнената достава на поштенски пратки во пет земји, вклучувајќи ги балтичките држави, Словенија и Хрватска, соопшти поштата на својата веб-страница.

Доставата со авион во овие земји продолжува.

Прес-службата на Руската пошта изјави за Тас дека не се запознаени кога повторно ќе биде воспоставена копнената достава.

Странскиот партнерски превозник ја известил Руската пошта дека „ќе ги пренесува пратките таму само со авион“, додаде прес-службата.

Руската пошта го продолжи приемот на меѓународни поштенски пратки за Република Конго, Сомалија и Чад. јт/

Фото: Руска пошта

Остани поврзан