• понеделник, 23 декември 2024

Руската полиција уапсила група украински диверзанти во Курската област

Руската полиција уапсила група украински диверзанти во Курската област

Москва, 29 август 2024 (МИА) - Руската полиција уапси група диверзанти кои наводно планирале напад на складиште за нафта во Курската област, соопштија безбедносните сили.

„Приведена е група диверзанти кои планирале експлозија на територијата на еден магацин за нафта, а се движеле со цивилен автомобил. Кај нив биле пронајдени експлозиви и детонатори“, соопшти полицијата.

Како што се наведува, еден од уапсените зборувал за плановите за терористички напад, а истрагата продолжува.

Украинските сили го нападнаа рускиот регион Курск на 6 август, што предизвика масовна евакуација на локалното население.

Според Министерството за вонредни ситуации, во 28 региони на Русија има 197 центри за привремено сместување, каде престојуваат повеќе од 11.500 луѓе, меѓу кои и повеќе од 3.500 деца. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан