• петок, 22 ноември 2024

Руската контраофанзива во Курскиот регион е запрена, изјави портпарол на украинската војска

Руската контраофанзива во Курскиот регион е запрена, изјави портпарол на украинската војска

Курск, 18 септември 2024 (МИА) - Руската контраофанзива за враќање на областите под украинска контрола во Курскиот регион е запрена, изјави денеска портпаролот на украинската регионална команда Олексеј Дмитрачкивски за француските медиуми, додавајќи дека во регионот се наоѓаат „неколку илјади“ руски цивили.

-Русите се обидоа да нападнат од крилата, но беа спречени. Ситуацијата се стабилизира и денеска се е под контрола, изјави Дмитрачкивски.

По 2,5 години руска инвазија и под повеќемесечен притисок во источна Украина, украинските сили на 6 август извршија ненадеен напад во рускиот пограничен Курски регион, со што ја изненадија Москва и зазедоа неколку стотици квадратни километри и десетици населени места.

На 12 септември руската армија соопшти дека ја зајакнала својата позиција со преземање контраофанзива во областа.

-Тие имаа некои помали успеси, но тој успех де факто сега стана нивно опколување, рече Дмитрачкивски. „Русите влегоа во населба. Почнаа да се борат за друга населба, но тоа е тоа“, додаде тој.

Украинскиот армиски портпарол, исто така, рече дека „неколку илјади руски цивили се уште се на територијата под контрола на Украина“.

-Во некои населени места има повеќе од 100 луѓе, а во други повеќе од 200, повеќе од 500, рече тој, додавајќи дека станува збор за претежно постари лица, но дека има и деца.

Француските медиуми не можат да добијат независна потврда на вистинитоста на овие тврдења. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан