• петок, 22 ноември 2024

Руската Дума усвои нацрт-закон за помилување на осудениците, кои ќе се придружат на руските сили во Украина

Руската Дума усвои нацрт-закон за помилување на осудениците, кои ќе се придружат на руските сили во Украина

Москва, 21 јуни 2023 (МИА) - Долниот дом на рускиот Парламент, Државната дума, усвои нацрт-закон со кој ќе се помилуваат осудените лица кои ќе се придружат на руските сили во Украина.

За предлогот потоа ќе се гласа во Советот на Федерацијата во Горниот дом на Русија, по што се очекува да биде потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.

Законот предвидува регрутирање затвореници и осомничени за криминал за да се борат во војната во Украина, практика што првпат ја усвоија платеничките сили на Вагнер минатата година пред руското Министерство за одбрана да го преземе регрутирањето во затвор на почетокот на 2023 година. мс/ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан