• понеделник, 23 декември 2024

Руската Дума со измени на Кривичниот закон ги воведе термините мобилизација и воена состојба

Руската Дума со измени на Кривичниот закон ги воведе термините мобилизација и воена состојба
Москва, 20 септември 2022 (МИА) - Руската Државна дума едногласно го усвои законот со кои се воведуваат поимите мобилизација, воена состојба и воено време. Исто така е одобрен и член во Кривичниот закон за кривично дело извршено „во период на мобилизација или вонредна состојба, во војна или во услови на вооружен судир или борбени дејствија“. Во Русија од почетокот на инвазијата врз Украина е забранета употребата на терминот „војна во Украина“, дозволен е само терминот „специјална воена операција“ или „воена операција“ Думата воведе во кривичниот закон казна затвор до 10 години за доброволно предавање и до 15 години за грабеж во војна. За напуштање на единицата за време на воените дејствија и непочитување на наредбата на командантот, предвидени се повеќегодишни затворска казни. ми/

Остани поврзан