• петок, 22 ноември 2024

Руската Дума го усвои во прво читање предлог-законот за новиот режим на депортација на странци

Руската Дума го усвои во прво читање предлог-законот за новиот режим на депортација на странци

Москва, 18 јуни 2024 (МИА) - Руската Државна Дума денеска во прво читање го усвои предлог-законот за новиот режим на депортација на странци кои се во Русија и немаат причина да останат во земјата.

Странските државјани во Русија, кои немаат причина да останат во земјата, ќе бидат предмет на депортација откако ќе бидат регистрирани во посебен регистар на контролирани лица, пренесе РИА Новости.

После тоа, тие нема да можат да го сменат местото на живеење или да престојуваат во Русија без полициска дозвола, нема да можат да патуваат надвор од регионот на живеење, да возат возила, да стекнуваат имот и да регистрираат брак. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан