• сабота, 06 декември 2025

Руската делегација пристигна во Истанбул

Руската делегација пристигна во Истанбул
Истанбул, 28 март 2022 (МИА) - Руската делегација пристигна во Истанбул, каде утре со делегацијата на Украина треба да ја одржат четвртата рунда преговори. Авионот „Туполев Ту-204-300“ со кој патува руската делегација слета на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, јавија турските медиуми. Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган вчера се договорија четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина да се одржи во Истанбул. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, претходно денеска изјави дека се очекува преговорите да почнат утре, а тоа го потврди и украинската делегација. аа/

Остани поврзан