• недела, 22 декември 2024

Руската амбасада во земјава упати честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста

Руската амбасада во земјава упати честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста

Скопје, 8 септември 2024 (МИА) - Руската амбасада во земјава упати честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста.

-На овој значаен ден пред 33 години македонските граѓани се определија за сувереноста и самостојноста на државата. Посакуваме овие принципи, кои ги оттогаш симболизира историскиот датум 8 Септември, да бидат и понатаму патоказ за македонскиот народ. Нека ви е честит Денот на независноста!, се вели во честитката објавена на Фејсбук страницата на Руската амбасада во Скопје и платформата Х. аа/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан