• понеделник, 23 декември 2024

Русија: САД намерно го дестабилизираат Блискиот Исток

Русија: САД намерно го дестабилизираат Блискиот Исток
Москва, 17 јануари 2020 (МИА) - САД намерно го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани за да ја поткопаат безбедноста и да го дестабилизираат регионот, оцени денеска руското Министерство за надворешни работи како одговор на прашање од медиуми, објавен на официјалната веб-страница на Министерството. „На операцијата во која Сулејмани беше убиен гледаме како на намерен чин насочен кон поткопување на безбедноста и стабилноста во регионот, извршена на територијата на суверена земја-членка на Обединетите нации без нејзино знаење“, се вели во оценката од Министерството. Руското МНР ги повика сите страни да се воздржат, да се водат од здравиот разум и да им дадат приоритет на дипломатските напори. ссм/

Остани поврзан