• петок, 22 ноември 2024

Русија тврди дека спречила украински обид за киднапирање на авион-бомбардер

Русија тврди дека спречила украински обид за киднапирање на авион-бомбардер

Москва, 8 јули 2024 (МИА) - Агентите на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) тврдат дека блокирале обид на Украина да организира киднапирањ на рускиот стратешки бомбардер Ту-22М3.

„ФСБ на Руската Федерација спречи нов обид на украинските специјални служби да изведат операција за киднапирање стратешки бомбардер Ту-22М3 на руските воздушни сили“, се наведува во соопштението.

ФСБ денеска на својата веб-страница објави дека украинските власти се обидуваат да регрутираат руски пилот.

„Украинското разузнавање имаше намера да регрутира руски воен пилот за парична награда и обезбедување италијанско државјанство, за да го убеди да лета и да слета со носач на ракети во Украина“, тврди ФСБ.

Се додава дека е откриена е вклученост на специјални служби на земјите од НАТО во подготовката и спроведувањето на операцијата.

Украина засега не ги коментираше ваквите тврдења. ссм/

фото: Википедија/илустрација

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан