• петок, 22 ноември 2024

Русија: Таткото на девојчето кое нацрта антивоен цртеж е во затвор во Белорусија

Русија: Таткото на девојчето кое нацрта антивоен цртеж е во затвор во Белорусија

Москва, 7 април 2023 (МИА) - Алексеј Москаљов, Русин обвинет за дискредитација на руската војска откако неговата ќерка нацрта антивоен цртеж, е во притвор во Белорусија, јави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на руската амбасада во таа земја.

ТАСС ја цитираше прес-службата на амбасадата: „Потврдуваме дека државјанинот на Руската Федерација Алексеј Москаљов е приведен на територијата на Република Белорусија. Тој сега е во истражен затвор во градот Жодин“.

Алексеј Москаљов беше осуден за дискредитација на вооружените сили и осуден на две години затвор, а неговата тринаесетгодишна ќерка Марија, односно Маша, е сместена во дом за незгрижени деца.

Минатата година, на час по ликовно, Маша нацрта цртеж на кој се прикажани руски ракети кои летаат кон Украина и паролите „Слава на Украина“ и „Не на Путин, не на војната“. ссм/

фото: Инстаграм

Остани поврзан