• петок, 05 декември 2025

Русија стана првата земја што го призна талибанското раководство во Авганистан

Русија стана првата земја што го призна талибанското раководство во Авганистан

Москва, 4 јули 2025 (МИА) – Русија денеска соопшти дека ги примила акредитивните писма на новиот авганистански амбасадор, со што де факто стана првата земја во светот што го призна владината структура предводена од талибанците.

Руското Министерство за надворешни работи потврди дека официјално го признало талибанското раководство во Авганистан. Според соопштението, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Руденко ги примил акредитивните писма на новоименуваниот авганистански амбасадор во Москва, Гул Хасан.

„Сметаме дека официјалното признавање на авганистанските власти ќе даде поттик за развој на продуктивна билатерална соработка меѓу нашите држави во различни области“, се наведува во соопштението на Министерството.

Руските власти изразија очекување дека во фокусот на идната соработка ќе бидат проекти од енергетиката, транспортот, земјоделството и инфраструктурата.

ТАСС јави дека над зградата на авганистанската амбасада во Москва веќе се вее знамето на талибанците. ссм/

фото: архива

Остани поврзан