• понеделник, 23 декември 2024

Русија со предупредување до соседните земји на Украина

Русија со предупредување до соседните земји на Украина
Москва, 6 март 2022 (МИА) - Руската војска ги предупреди соседните земји на Украина да не дозволуваат влез на нејзините воени авиони и порача дека Москва може да ги смета за дел од конфликтот доколку украинските авиони извршуваат борбени мисии од нивна територија. Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека некои украински борбени авиони биле префрлени во Романија и други соседни земји на Украина, пренесува Бета. Министерството предупреди дека доколку овие воени авиони нападнат руски сили од територијата на тие земји, тоа ќе го смета за ангажирање на државата во воен конфликт. ссм/

Остани поврзан