• петок, 22 ноември 2024

Русија само во октомври лансираше  над 2.000 дронови во Украина

Русија само во октомври лансираше  над 2.000 дронови во Украина

Киев, 1 ноември 2024 (МИА) – Русија во текот на минатиот месец врз цивилни и воени цели во Украина лансираше над 2.000 јуришни дронови, соопшти денеска украинската војска, додека руските сили започнаа силна офанзива на првата борбена линија од нивната инвазија на Украина.

Москва врши редовни воздушни напади врз украинските места и градови, а главниот град Киев само во октомври бил нападнат 20 пати, наведуваат локалните киевски власти.

Украинскиот Генералштаб соопштение дека во текот на минатиот месец пресретнал 1.185 од 2.023 беспилотни летала и дека не се знае каде се наоѓаат уште 738.

„Вкупно, од почетокот на 2024 година, непријателот лансираше 6.987 нападни беспилотни летала на територијата на Украина. Непријателските беспилотни летала главно беа  насочени кон цивилна и критична инфраструктура“, се додава во соопштението.

Украина денеска соопшти дека уништила 31 беспилотно летало и еден проектил во последниот руски напад во текот на ноќта, што оштети станбени згради во најмалку два региона и пожарна станица во јужниот регион Одеса.

Русија тврди дека не гаѓа цивили и дека енергетските капацитети се легитимни цели кога се дел од воената инфраструктура на Украина.

Украина се подготвува за уште една сезона на прекини на струја поради заканата од нови руски напади врз енергетскиот систем на земјата, што веќе беше ослабен со серија удари на почетокот на оваа година.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан