• понеделник, 23 декември 2024

Русија распиша потерница по Буданов

Русија распиша потерница по Буданов

Москва, 14 декември 2023 (МИА) - Руските власти денеска го додадоа името на шефот на Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) Кирило Буданов на листата на барани лица. Москва смета дека ГУР е одговорен за неколку напади врз Русија.

Името на Кирило Буданов (37) сега се наоѓа во базата на податоци на руското Министерство за внатрешни работи, во списокот на лица кои се бараат за прекршување на кривичниот закон.

Буданов, од 2020 година е началник на воено-разузнавачкиот оддел во Министерството за одбрана на Украина.

Руските власти го обвинуваат за организирање напад во октомври 2022 година, кога делумно е уништен мостот што го поврзува Крим.

Кон крајот на ноември, Украина објави дека се сомнева во Русија за труење со тешки метали на сопругата на Кирило Буданов, Маријана Буданова, која е и советничка на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Кремљ ги отфрли обвинувањата. мс/

Остани поврзан