• вторник, 26 ноември 2024

Русија протера естонски дипломат

Русија протера естонски дипломат
Москва, 18 февруари 2021 (МИА) - Русија денеска протера естонски дипломат како одговор на одлуката на Талин да прогласи еден од руските дипломати во Естонија за персона нон грата, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. - Естонија неодамна неосновано прогласи вработен во руската амбасада во Талин за персона нон грата. Одговорот на Русија пристигна веднаш, рече Захарова. Како што пренесува агенцијата ТАСС, таа објасни дека естонскиот амбасадор бил повикан во Министерството за надворешни работи, каде му била врачена протестна нота и каде бил информиран за протерување на дипломатот од естонската мисија во Москва. паг/  

Остани поврзан