• понеделник, 23 декември 2024

Русија почна тестирање на авионот бомбардер Ту-160М

Русија почна тестирање на авионот бомбардер Ту-160М

Москва, 6 јули 2022 (МИА) – Русија почна со тестирање на првиот експериментален модернизиран стратешки бомбардер Ту-160М, објави руската новинска агенција ТАСС.

Ту-160М е наменет за напади врз непријателски цели во оддалечените области со нуклеарно и конвенционално оружје.

Тестовите беа извршени денеска од руското Министерство за одбрана и дизајнерската технолошка компанија Ростек.

Ту-160М е надградена верзија на рускиот авион Ту-160. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан