• понеделник, 23 декември 2024

Русија потврди за тристрана средба во Анталија

Русија потврди за тристрана средба во Анталија
Москва, 7 март 2022 (МИА) - Русија денеска потврди дека нејзиниот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се сретне со својот украински колега Дмитриј Кулеба и со првиот човек на турскиот дипломат Мевлут Чавушоглу на дипломатскиот форум во Турција на крајот на неделата.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека договор за тристраната средба е постигнат за време на телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „на иницијатива на турскиот лидер“.

Претходно, турскиот МНР Мевлут Чавушоглу, објави дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и неговиот руски колега Сергеј Лавров се договориле да се сретнат за време на дипломатскиот форум во Анталија, Турција.

Чавушоглу, во изјава за турските медиуми, рече дека тој ќе присустува на средбата закажана за четврток. аа/

Остани поврзан