• понеделник, 23 декември 2024

Русија потврди дека е извршена размена на заробеници со Украина

Русија потврди дека е извршена размена на заробеници со Украина
Моска, 10 април 2022 (МИА) - Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова  потврди дека Украина и Русија вчера размениле затвореници.  Москалкова рече дека меѓу затворениците кои се вратиле во Русија имало четворица вработени во државната корпорација за атомска енергија Росатом, војници и цивили. „Тие дојдоа во Русија рано утрото“, напиша Москалкова во објавата на интернет. Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук вчера изјави дека 12 украински војници се вратиле за време на размената на затвореници, што е трета од почетокот на конфликтот. Како дел од договорот, и 14 цивили се враќаат, додаде Верешчук. зш/

Остани поврзан