• петок, 05 декември 2025

Русија побарала од МААЕ да помогне во прекин на огнот поради нуклеарната централа Запорожје

Русија побарала од МААЕ да помогне во прекин на огнот поради нуклеарната централа Запорожје

Москва, 22 октомври 2025 (МИА) – Русија побара од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) помош во воспоставување прекин на огнот со цел да се обнови надворешното напојување на нуклеарната централа Запорожје, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

- Нападот на украинските вооружени сили на 23 септември го оштети далноводот Дњепровскаја, кој ја напојува нуклеарната централа Запорожје со надворешно напојување. И покрај тоа што реакторите на централата се во режим на ладно запирање, надворешното напојување е неопходно за нејзино безбедно функционирање, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Министерството напомена дека од 23 септември сопственото напојување на нуклеарната централа Запорожје се обезбедува со резервни дизел генератори. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан