• сабота, 16 ноември 2024

Русија обвинува: Западот не реагира на украинската офанзива во Курск

Русија обвинува: Западот не реагира на украинската офанзива во Курск

Москва, 13 август 2024 (МИА) - Русија денеска ги критикуваше западните сојузници на Украина во ООН за нивното молчење во врска со украинската офанзива во областа Курск, обвинувајќи ги украинските сили за убиства на цивили.

Сојузниците на Украина во Советот за безбедност на ООН, вклучувајќи ги САД, Франција и Велика Британија, цврсто застанаа во поддршка на Киев за време на неофицијалната средба на Советот, која беше свикана по барање на Русија. Тие не спомнаа ништо за украинската офанзива во областа Курск.

- Нема да го признаеме агресорот за жртва, изјави високиот словенечки дипломат Клемен Пониквар, еден од неколкутемина кои ја обвинија Русија за лицемерие, двојни стандарди и за губење на времето на Советот за безбедност.

Киев и Москва ги негираат обвинувањата за напади врз цивили во војната, во која загинаа илјадници луѓе, а милиони Украинци се раселени.

За време на неофицијалната седница на Советот за безбедност, американските, британските и француските дипломати изнесоа серија обвинувања против Русија за прекршувања на меѓународното хуманитарно право и човековите права во Украина.

На своја страна, дипломатите од Сирија, Белорусија и Северна Кореја, на неофицијалната седница на Советот изразија поддршка за Русија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан