• петок, 05 декември 2025

Русија испраќа дополнителни сили во Суми заради засилување на офанзивата

Русија испраќа дополнителни сили во Суми заради засилување на офанзивата

Москва, 7 јуни 2025 (МИА) -  Руското воено раководство одлучи да ја зајакне офанзивата во регионот Суми со испраќање дополнителни сили, вклучувајќи две бригади на морнаричката пешадија (40-та и 177-та) и два полка на територијалната одбрана на Руската Федерација. Овие сили, заедно со 155-та бригада на морнаричката пешадија, вршат притисок врз украинските одбранбени линии во селата Варачине и Мала Корчаивка.

Според извештаите, руските сили контролираат над 185 квадратни километри во овој регион, што е повеќе од територијата што ја држеле пред почетокот на офанзивата. Со префрлањето на овие единици, Русија го преместува тежиштето на фронтот кон Суми, што укажува на пошироки планови во овој правец.

Украинските сили, кои се распоредени на широк фронт во Донбас и Запорожје, се соочуваат со дополнителни предизвици во одбраната на Суми, при што руските сили се наоѓаат на околу 25 километри од градот. ссм/

фото: принтскрин Икс

Остани поврзан