• среда, 04 февруари 2026

Русија изврши нови напади со ракети и дронови врз Киев и Харков

Русија изврши нови напади со ракети и дронови врз Киев и Харков

Киев, 3 февруари 2026 (МИА) – Киев и вториот по големина град во Украина, Харков, повторно беа цел на руски ракети и борбени дронови, пренесе ДПА.

Тимур Ткаченко, шеф на воената администрација на Киев, рано утрово на Телеграм предупреди за руски напади кои вклучуваат балистички ракети. Украинската новинска агенција Укринформ јави за неколку експлозии во Киев. Според непотврдени медиумски извештаи, погодени се две термоцентрали.

Харков, во источна Украина, беше погоден од најмалку две ракети, изјави градоначалникот Игор Терехов. Тој исто така информира за „масовен напад“ во кој биле вклучени борбени дронови.

Гувернерот Олех Синиехубов исто така соопшти за руски напади. „Уште еден непријателски напад врз Харков и неговите предградија. Можат да се слушнат експлозии“, напиша тој на Телеграм.

Руски напади со дронови беа пријавени и во Запорожје и Дњепар.

Засега нема извештаи за жртви ниту од Киев ниту од Харков. јт/

Фото: Државна служба за вонредни состојби на Украина

Остани поврзан