• петок, 20 декември 2024

Русија за денеска бара итна средба на СБ на ОН поради американски „воени биолошки активности“

Русија за денеска бара итна средба на СБ на ОН поради американски „воени биолошки активности“
Њујорк, 11 март 2022 (МИА) -  Русија побара средба на Советот за безбедност на ОН за денеска поради, како што тврди Кремљ, развивањето биолошко оружје од страна на САД во Украина, соопшти Дмитриј Полиански, првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН. „Руската мисија побара состанок на (СБ на ОН) на 11 март за да се разговара за воените биолошки активности на САД на територијата на Украина“, напиша Полиански на Твитер. Засега нема потврда дека ќе се одржи итен состанок, јави ДПА.. Руското Министерство за одбрана тврди дека има мрежа на био-лаборатории во Украина кои работат во име на американското Министерство за одбрана, тврдење кое долго време се отфрла како неточно. САД предупредија дека лажната „пропаганда“ од Москва дека Украина произведува оружје за масовно уништување може да биде изговор за Русија самата да го употреби, потсетува ДПА. - Русија ги изнесе овие нови лажни тврдења. Видовме дека Кина ја поддржува оваа пропаганда и затоа треба да внимаваме Русија евентуално да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина или да изведе „операција под лажно знаме“, изјави за ДПА заменик американскиот амбасадор во Обединетите нации Џефри Прескот. Прескот рече дека руската употреба на хемиско оружје, вклучително и обиди за атентат и труење на политичките непријатели на претседателот Владимир Путин во Русија и Велика Британија, се добро документирани. Тој исто така истакна дека Москва го поддржува „режимот на Башар ал Асад“ во Сирија, кој постојано користел хемиско оружје. ссм/

Остани поврзан