• понеделник, 23 декември 2024

Русија започна со вежби на нуклеарни сили

Русија започна со вежби на нуклеарни сили

Москва, 29 октомври 2024 (МИА) - Русија денеска започна со вежби на нуклеарни сили, вклучително и вежбање на лансирање нуклеарни балистички и крстаречки ракети.

Рускиот претседател Владимир Путин во видео повик им кажа на воените старешини дека за време на вежбата ќе се симулираат акциите на највисоките функционери во случај на употреба на нуклеарно оружје.

Путин нагласи дека рускиот нуклеарен арсенал е „сигурен гарант за суверенитетот и безбедноста на земјата“.

„Имајќи ги предвид растечките геополитички тензии и новите закани и ризици, за нас е важно да имаме модерни стратешки сили кои се секогаш подготвени за борба“, рече Путин и потврди дека Русија ја гледа употребата на нуклеарно оружје како „последна, екстремна мерка за обезбедување безбедност“.

Тој истакна дека Москва ќе продолжи да ги модернизира своите нуклеарни сили.

Минатиот месец Путин предупреди дека „дозволувањето на Украина да користи оружје со поголем дострел доставено од Западот за напади длабоко во руската територија ќе го доведе НАТО во војна со Русија“.

Оваа година руската армија веќе одржа заедничка вежба на нуклеарни сили со Белорусија, на чија територија се наоѓа дел од руското тактичко нуклеарно оружје. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан