• недела, 22 декември 2024

Русија е домаќин на дводневниот самит на БРИКС во Казан

Русија е домаќин на дводневниот самит на БРИКС во Казан

Казан, 22 октомври 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на самитот на организацијата БРИКС кој почнува денеска во градот Казан.

Форумот, на кој ќе учествуваат 24 шефови на држави и влади, Путин го смета за дел од иницијативата за создавање нов светски поредок за ставање крај на доминацијата на САД. Средбата ќе продолжи до четврток.

Меѓу поважните гости се издвојува кинескиот претседател Си Џинпинг. Ќе присуствуваат претставници од вкупно 32 земји.

На оригиналните членки на БРИКС - Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка - неодамна им се приклучија земји како што се Обединетите Арапски Емирати, Египет, Етиопија и Иран. Статусот на Саудиска Арабија се уште е нејасен.

Русија, која е ротирачки претседавач со организацијата, најави дека Саудиска Арабија ќе биде примена за членка на почетокот на годината, но се уште нема потврда од Ријад, а самото кралство на состанокот ќе го претставува странски министер.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков најави дека на средбата ќе се разјасни прашањето за статусот на Саудиска Арабија.

Во него како заинтересирана страна ќе учествува и Турција.

Во пресрет на форумот, Путин најави дека една од главните цели на состанокот ќе биде унапредување на финансиската соработка и обезбедување алтернатива на системот СВИФТ (SWIFT), со кој се вршат меѓународни банкарски плаќања. Многу руски банки беа исклучени од него по инвазијата на Украина.

На агендата на БРИКС е и основањето на заедничка банка. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан