• понеделник, 25 ноември 2024

Русија го прекина железничкиот сообраќај со Кина

Русија го прекина железничкиот сообраќај со Кина
Москва, 29 јануари 2020 (МИА) - Русија го прекина железничкиот сообраќај со Кина, освен возот на релација Москва - Пекинг, за да го спречи ширењето на новиот коронавирус, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова. - Од полноќ го прекинуваме железничкиот сообраќај со Кина. Единствено ќе сообраќаат возовите на релација Москва - Пекинг и Пекинг - Москва, рече Голикова на прес-конференција. Таа додаде дека Русија до петок ќе донесе одлука за воздушниот сообраќај со Кина. паг/  

Остани поврзан