• вторник, 24 декември 2024

Русија го намали протокот на гас преку „Северен поток 1“ до 20 отсто од капацитетот

Русија го намали протокот на гас преку „Северен поток 1“ до 20 отсто од капацитетот
Берлин, 27 јули 2022 (МИА) - Руската компанија Газпром денеска го намали количеството на природен гас што тече низ главниот гасовод „Северен поток 1“ од Русија кон Европа на 20 отсто од вкупниот капацитет.
Русија ги обвини техничките проблеми за најновото намалување на испораките на гас, но Германија го гледа тоа како политички потег за поттикнување на неизвесноста и зголемување на цените додека трае војната во Украина.
„Газпром“ го објави намалувањето во понеделникот, наведувајќи ги поправките како причина, поттикнувајќи ги стравувањата дека Русија би можела целосно да го прекине гасот за да изврши притисок врз Европа, која се обидува да складира гас за зимата.
Информациите на веб-страницата „Северен поток“ и шефот на германскиот регулатор на мрежата Клаус Милер го потврдија намалувањето.
„Гасот сега е дел од руската надворешна политика и веројатно руската воена стратегија“, рече Милер.
Владите на земјите-членки на ЕУ вчера се договорија да ја намалат употребата на природен гас за да се заштитат од натамошни кратења во снабдувањето со Русија.
Нацрт-законот има за цел да ја намали побарувачката на гас за 15 проценти од август до март преку чекори кои не се обврзувачки за државите. паг/

Остани поврзан