Русија го намали конзуларниот персонал во Норвешка на двајца дипломати
- Руската амбасада во Норвешка соопшти дека го намалила својот конзуларен персонал на двајца дипломати, по барањето на Норвешка да го намали бројот на руските дипломати до 17 октомври.
Москва, 15 октомври 2024 (МИА) - Руската амбасада во Норвешка соопшти дека го намалила својот конзуларен персонал на двајца дипломати, по барањето на Норвешка да го намали бројот на руските дипломати до 17 октомври.
Руската амбасада во Осло објави на Фејсбук дека продолжува да ги обезбедува конзуларните услуги и покрај намалениот број на персонал. Намалувањето на дипломатскиот кадар дојде по минатогодишната одлука на Норвешка да прогласи 15 члена на руската амбасада за персона нон грата.
Тогашната министерка за надворешни работи Аникин Хуитфелд во април објасни дека тој потег бил одговор на зголемената закана од руските разузнавачки служби во контекст на променливото безбедносно опкружување во Европа.
„Русија во моментов претставува најголема разузнавачка закана за Норвешка. Ние тоа го сфаќаме многу сериозно и сега спроведуваме мерки за сузбивање на руските разузнавачки активности во нашата земја“, изјави тогаш Хуитфелд. ссм/
фото: архива