• понеделник, 23 декември 2024

Русија го истражува оштетувањето на гасоводите Северен поток како „меѓународен тероризам“

Русија го истражува оштетувањето на гасоводите Северен поток како „меѓународен тероризам“
Москва, 28 септември 2022 (МИА) - Руската безбедносна служба ФСБ ја истражува штетата врз гасоводите „Северен поток“ под Балтичкото Море како „меѓународен тероризам“, јавија руските медиуми повикувајќи се на изјава од канцеларијата на јавниот обвинител. Истекувањето од гасоводот огромни количини природен гас преку дното на Балтичкото Море може да емитува загадување еднакво на една третина од вкупните годишни емисии на стакленички гасови во Данска, предупреди денеска шефот на данската агенција за енергетика, Кристофер Боцау. Тој изјави дека истекувањето гас од цевководите Северен поток 1 и 2 изнесува приближно 32 отсто од годишните емисии на јаглерод диоксид во Данска. Емисиите на CO2 во Данска во 2020 година се проценуваат на 45 милиони тони. „Се додека има гас во гасоводот, опасно е да се биде таму“, рече Боцау, но не кажа кога ќе може да се увиди состојбата на цевките, за кои рече дека се направени од челик со дебелина од 12 сантиметри и обвиткани во бетон. Цевководите лежат релативно плитко на морското дно, на длабочина од 70 до 90 метри. паг/

Остани поврзан