• недела, 22 декември 2024

Русија воведува дополнителни безбедносни мерки во нуклеарната централа Курск

Русија воведува дополнителни безбедносни мерки во нуклеарната централа Курск

Курск, 29 август 2024 (МИА) - Властите во руската Курска област  соопштија дека од денеска (29 август) се воведуваат дополнителни безбедносни мерки во областа на градот Курчатов и нуклеарната централа Курск, пренесе Хина.

Влезот во Курчатов, каде што се наоѓа централата, ќе биде привремено ограничен, напиша регионалниот гувернер Алексеј Смирнов на социјалната платформа Телеграм.

Украинските сили на 6 август  ја пробија западната граница на Русија и влегоа во Курскиот регион, изведувајќи ненадеен напад, што се уште е во тек.

Русија вели дека виталниот објект бил постојано напаѓан од украинските сили, кои се наоѓаат на оддалеченост од  само 40 километри. 

Украина се уште не одговорила на обвинувањата.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, по посетата на централата во вторникот изјави дека постои ризик од нуклеарна несреќа и дека ситуацијата е сериозна.

Тој додаде дека централата е исклучително чувствителна бидејќи нема заштитна купола. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан