• вторник, 24 декември 2024

Русија – Украина инвазија: НАСТАНИ во денот

Русија – Украина инвазија: НАСТАНИ во денот
Киев, 22 март 2022 (МИА) - Кремљ денеска оцени дека преговорите со Киев се недоволно „суштински“, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е подготвен за „компромис“ кој, доколку се постигне, треба да биде одобрен на референдум. Украинско МНР: Во Херсон снемува храна и лекови за 300.000 лица Нови експлозии во Киев. Неколку силни експлозии се слушнале во Киев, додека главниот град е под 35-часовен полициски час. Украинските власти: Изгаснати шумските пожари околу нуклеарната централа Чернобил Украинската војска во својот оперативен извештај  тврди дека руските сили имаат резерви на муниција и храна што ќе траат „не повеќе од три дена“. Официјалните лица рекоа дека ситуацијата е слична и со горивото. Украина, исто така, тврди дека нејзините сили го вратиле градот Макарив, на само 50 километри западно од Киев. Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара директни разговори со Владимир Путин: „Без оваа средба е невозможно целосно да се разбере што се подготвени да нарачаат за да се запре војната“. Зеленски пред италијанскиот парламент рече дека „За руските војници, Украина е портата на Европа, каде што сакаат да упаднат“. Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека Украина пружила „херојски“ отпор и дека Италија ќе ја поддржи кандидатурата на Киев за пристапување во Европската унија. Зеленски, исто така, на Твитер напиша дека разговарал со папата Франциско, велејќи дека „посредничката улога на Светата столица во ставањето крај на човечкото страдање ќе биде ценета“. Украинскиот пратеник за Одеса, Олексеј Хончаренко, изјави дека очекува руска копнена операција против градот, започната од Црното Море. Станбените области во Одеса, наводно, биле мета за прв пат за време на војната во понеделникот. Градоначалникот на Бориспил, Володимир Борисенко, ги повика цивилите да го напуштат градот. Се наоѓа веднаш надвор од Киев, во близина на најголемиот меѓународен аеродром во Украина. Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук упати нов апел до Русија да дозволи хуманитарни резерви во опколениот јужен град Мариупол и да ги пушти цивилите да си заминат. Конвој од 15 автобуси со 1.114 евакуирани денеска треба да тргне на патување од 200 километри во градот Запорожје, каде што луѓето ќе добијат храна, медицинска и психолошка поддршка, како и помош за преселување. Дмитриј Муратов, добитник на Нобеловата награда за мир уредник на рускиот весник Новаја Газета, објави дека ќе го стави својот медал на аукција за да собере пари за украинските бегалци. Лидерите на Европската унија имаат намера да формираат „доверлив фонд“ за Украина додека се бори со руската инвазија и да и помогнат да се обнови по војната, се вели во нацрт-документот подготвен пред самитот на ЕУ . Ирска се подготвува за до 200.000 бегалци од Украина.

Остани поврзан