• петок, 05 декември 2025

Русите соборија беспилотни летала на пат кон Москва

Русите соборија беспилотни летала на пат кон Москва

Москва, 23 септември 2025 (МИА)  - Руските сили за воздушна одбрана соборија четири беспилотни летала на пат кон Москва, објави денеска градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

„Силите за воздушна одбрана на Министерството за одбрана соборија четири беспилотни летала што летаа кон Москва. Службите за итни случаи работат на местото на несреќата“, објави Собјанин на социјалните мрежи, пренесен од руските медиуми.

Уште 15 беспилотни летала синоќа биле соборени во Московскиот регион.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана објави дека системите за воздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 69 беспилотни летала во 10 руски региони и Црното и Азовското Море.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан