• вторник, 05 ноември 2024

Русин пешачел една недела за да признае тројно убиство

Русин пешачел една недела за да признае тројно убиство
Москва, 31 август 2021 (МИА) - Еден Русин пешачеше една недела за да го признае тројното убиство што го извршил под дејство на алкохол во оддалечено место на крајниот исток на Русија, соопштија локалните власти. Убиствата се случиле во август на фарма за ирваси во близина на Хабаровск, соопштија руските истражни власти. „Додека пиел алкохол со пријател, еден човек му се спротивставил и го застрелал со пушка, а потоа застрелал и две жени на фармата. Бидејќи местото на злосторството било далеку и немало превозни средства, тој пешачел до Охотск една недела, каде што го признал делото во полиција, велат инспекторите. Приведен е маж, чија возраст и идентитет не се откриваат. Судијата наскоро ќе одлучи дали ќе го задржи во притвор, додаваат истражителите. Полициските службеници го посетиле местото на злосторството, како дел од истрагата која треба да ги утврди околностите на настанот. паг/  

Остани поврзан