• петок, 05 декември 2025

Румениге за можните повреди поради големиот број натпревари: Играчите и агентите си создаваат стапица

Румениге за можните повреди поради големиот број натпревари: Играчите и агентите си создаваат стапица

Минхен, 14 август 2025 (МИА) - Членот на надзорниот одбор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, смета дека самите фудбалери се виновни за зголемувањето на бројот на натпревари годишно.

- Играчите и агентите си создаваат стапица. Тие бараат повеќе пари, принудувајќи ги клубовите да бараат други извори на приход. Затоа се појавуваат нови формати на турнири. Од друга страна, не гледам дека се подготвени да се откажат од своите плати, изјави Румениге за „Kicker“.

Во јули, поранешниот тренер на Ливерпул и Борусија, Јирген Клоп, го критикуваше новиот формат на Светското клупско првенство, на кое за прв пат играа 32 клуба. Според него, ова е најлошата идеја што некогаш е имплементирана во фудбалот, бидејќи ги изложува играчите на висок ризик од повреда.

Изминатиот период голем број на тренери и фудбалери од врвните европски клубови се пожалија на густиот натпреварувачки календар и малиот број денови за одмор. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан