• недела, 22 декември 2024

Руди Џулијани поднесе барање за стечај

Руди Џулијани поднесе барање за стечај

Вашингтон, 21 декември 2023 (МИА) - Руди Џулијани, сојузник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, денеска поднесе барање за стечај, неколку дена откако поротата одлучи дека тој мора да плати отштета од 148 милиони долари на поранешните изборни работници во државата Џорџија.

Џулијани лажно ги обвини дека помогнале во местење на изборите во 2020 година, на кои победи претседателот Џозеф Бајден.

Според судските документи, Џулијани го поднел барањето до американскиот стечаен суд за јужниот округ во Њујорк. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан