• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Рубљов го освои трофејот во Доха

Рубљов го освои трофејот во Доха

Доха, 22 февруари 2025 (МИА) - Рускиот тенисер Андреј Рубљев го освои АТП турнирот 500 во Доха, Катар.

Во денешното финале, 10-топласираниот светски играч го победи Британецот Џек Дрејпер (16-ти на АТП ранг-листата) за 2 часа и 6 минути - 7:5, 5:7, 6:1.

Русинот сервираше 10 асови, не направи ниту една двојна грешка и претвори 3 од 7 брејк топки во поени.

Неговиот противник имаше 12 аса, 2 двојни грешки и една конвертирана брејк топка од три можности.

Дваесет и седумгодишниот Рубљов ја освои 17-та АТП титула во кариерата и прва од мај 2024 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан