• понеделник, 23 декември 2024

РТЕ: Ирска стравува дека Британија сака да напише нов протокол за промет на стоки

РТЕ: Ирска стравува дека Британија сака да напише нов протокол за промет на стоки
Даблин, 17 мај 2021 (МИА) - Ирска изрази загриженост дека британскиот премиер Борис Џонсон ќе ги смени целосно деловите на Брегзит за контролите во Северна Ирска, објави денеска националната телевизија РТЕ, откако Лондон соопшти дека договорот веќе не е одржлив.
По излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија на почетокот на годината, беа воведени контроли за некои стоки што одат од останатиот дел на Велика Британија кон Северна Ирска, бидејќи таа покраина на Британија се граничи со членката на ЕУ, Ирска.

Џонсон во преговорите вети дека нема да има цврсти граници меѓу Ирска и Северна Ирска како резултат на Брегзит и дека ќе продолжи непречениот промет на стоки меѓу Северна Ирска и останатиот дел од Велика Британија.
Британија еднострано го продолжи грејс-периодот за некои контроли во март за да се сведат на минимум прекините во снабдувањето, но Брисел смета дека ги крши одредбите од договорот за Брегзит.
„Даблин сега е загрижен затоа што се чини дека Лондон се обидува да изготви нов протокол и не е задоволен само со одредени флексибилности што ќе важат за време на техничките преговори со Европската комисија“, објави РТЕ.
Британскиот преговарач Дејвид Фрост минатата недела рече дека Протоколот за Северна Ирска нема да биде одржлив на долг рок.
Велика Британија предлага постепено воведување контрола на прехранбените производи на новата граница во Ирското Море, што би се спроведувало во четири фази од октомври, пишува Би-Би-Си. паг/

Остани поврзан