• сабота, 23 ноември 2024

Рохани: Наскоро продолжуваат економски активности со низок ризик

Рохани: Наскоро продолжуваат економски активности со низок ризик
Техеран, 5 април 2020 (МИА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека од 11 април ќе продолжат економските активности „со низок ризик“ во земјата која е најмногу погодена од пандемијата на Ковид-19 на Блискиот исток. - Под надзор на Министерството за здравство, сите економски активности со низок ризик ќе продолжат од сабота, рече Рохани. Според Worldometers, во Иран со коронавирусот се заразени 55.743 лица, а 3.452 починале. јт/

Остани поврзан