• понеделник, 23 декември 2024

Рохани: Иран нема да претрпи голема штета поради цената на нафтата

Рохани: Иран нема да претрпи голема штета поради цената на нафтата
Техеран, 22 април 2020 (МИА) - Иран нема да претрпи голема штета како останатите земји од падот на цените на нафтата поради тоа што не зависи од другите земји кога станува збор за извоз на сурова нафта, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани. - Ќе бидеме помалку оштетени од другите земји поради падот на цените, затоа што нашата економија помалку се потпира на извозот на нафта, истакна Рохани. Цените на нафтата и денеска продолжија да се намалуваат, а берзите се борат со огромен прилив на „црното злато“ поради пад на побарувачката за сите нафтени производи поради кризата предизвикана од епидемијата со Ковид-19. ки/ми/

Тагови

Остани поврзан