• петок, 27 септември 2024

Роуз казнет со 25 илјади долари поради фрлање пенкало кон публиката

Роуз казнет со 25 илјади долари поради фрлање пенкало кон публиката
Вашингтон, 15 јануари 2020 (МИА) – Кошаркарот на Детроит пистонс, Дерик Роуз е казнет заради фрлање пенкало на трибините за време на натпревар со Њу Орлеанс. При еден тајм-аут, Роуз зема од записничката маса едно пенкало и го фрли на трибините на спротивната страна. Инцидентот не остана незабележан од службените лица, а НБА парично го казни 31-годишниот Американец со 25 илјади долари. зс/

Остани поврзан